Други спортови
Дуковска прва, Гроздановска втора на коњичкиот турнир Србија опен
Македонските натпреварувачки имаа забележителни резултати на коњичкиот турнир Србија опен одржан викендот во Белград.

Во натпреварот со висина на пречките од 1,10 – 1,20 м Сиља Дуковска со грлото Ехо го освои првото место а втора беше Леонида Гроздановска со грлото Октавијан 14, на третата позиција се најде Денис Гугиќ од Хрватска.

Гроздановска со Октавијан 14 беше на второ место и во баражниот нтпревар висина 1.20 м.
Покрај Дуковска со грлото Ехо од клубот Илинден и Гроздановска со грлата Кардино 14 и Валентино од Анималс, дел од македонската експедиција беа и: Сандра Маслинко со Еландо, Кристина Антовска со Дон Октавијан и Лиа Каев со Аполо сите од Анималс и Ева Димитриевска со грлата Киви и Ерос од Бравадос. Тие настапија во натпреварот за млади јавачи и коњи со висина на пречки 0,80-0,90 м така наречен ЕК-ЕКВО каде што сите што ќе го завршат паркурот без казнени поени го делат првото место.