Други спортови
Дуото на Ред Бул најбрзо на третиот тренинг
Возачите на Ред Бул, Серхио Перез и Макс Верстапен беа најбрзи на последниот тренинг во Абу Даби, пред квалификациите кои започнуваат во 15 часот.
Дуото на Ред Бул имаше предност пред Џорџ Расел и Луис Хамилтон, кои ја одбележаа претходната трка во Бразил.
Со победата на Интерлагос, Расел ја прекина серијата на австрискиот тим од 10 последователни победи.
Судејќи според резултатите на најважниот тренинг кој се одржа во петокот попладне, Макс Верстапен сепак ќе ја има улогата на фаворит бидејќи според резултатите имаше и најдобро темпо на патеката.
🏁 FP3 CLASSIFICATION 🏁
The @redbullracing duo power to the top 👊#AbuDhabiGP #F1 pic.twitter.com/llBruLjCgD
— Formula 1 (@F1) November 19, 2022
Петтото време го држеше Ландо Норис, а по него беа Шарл Леклер, Карлос Саинц, возачите на Ферари кои најмногу тестираа во текот на трите тренинзи и имаа најмногу кругови на патеката во Абу Даби.
Осмиот резултат го постигна Даниел Рикиардо, деветти беше Себастијан Фетел, кој ја вози последната трка во кариерата на патеката на која ја освои првата титула во 2010 година, додека Александер Албон имаше 10-то време.
Квалификациите започнуваат во 15 часот.