Фудбал
Дупло поголема плата за Канте
Лондонскиот премиерлигаш Челзи сака по секоја цена да ја продолжи соработката со францускиот интернационалец Н’Голо Канте.

Англиските медиуми открија дека челниците на Челзи веќе имале неколку состаноци со агентите на одличниот играч за врска, на кои им било кажано дека Канте има понуда да потпише договор со важност до 2023 година, а истиот ќе му обезбеди годишна плата дупло поголема од таа која моментално ја заработува на “Стемфорд Бриџ”.
Поранешниот фудбалер на Лестер моментално има неделна плата од 150.000 фунти, а новиот договор му гарантира неделна плата од 300.000 фунти.