Connect with us

Кошарка

Дурент ги „уништи“ Пистонс, Феникс конечно победи

Кошаркарите на Феникс Санс победија вечерва во „европскиот“ термин на Детроит Пистонс на гостински терен со резултат 120:106 во НБА лигата.

Феникс повторно беше драстично ослабен, бидејќи не играа Девин Букер и Бредли Бил, но Кевин Дурент ги презеде работите во свои раце и ја прекина серијата од три порази на неговиот тим.

Тој ги предводеше Санс во Детроит со 41 поен, пет асистенции и четири скока. Го следеше Гордон со 21 поен, осум скока и пет асистенции.

На домашен терен 26 поени од Канингем и 22 од Сасер.

Санс се само 11-ти на Запад со скор од 3-4, додека Детроит е 13-ти на Истокот со скор 2-5.