Кошарка
Дурент: Шокиран сум, но тоа е нормално во НБА
Крилниот напаѓач на Бруклин Нетс, Кевин Дурант вели дека е изненаден од одлуката на организацијата да ја прекине врската со тренерот Стив Неш.
Во текот на летото, Дурент побара од организацијата да го отпушти Неш, Нетс тогаш не го сторија тоа, но го направија по лошиот почеток на сезоната.
„Секогаш се шокирам кога ќе се случат такви работи, но тие се нормални во НБА. Во оваа лига човек мора брзо да сврти нов лист, особено во текот на сезоната – да доаѓа на тренинзи, натпревари, да не размислува премногу“, изјави Дурант, кој за отказот на Неш дознал кога се разбудил по дремката.
За време на нивниот престој во Голден Стејт Вориорс, Дурент и Неш се зближија, но тоа не успеа со Нетс.
„Има многу причини зошто е тоа така. Немавме здрав тим, едноставно не игравме добро. И тоа се случува, с.. и се случуваат. Ова не значи дека кошаркарската интелигенција на Стив е помала или дека кажува нешто за начинот на кој тој ја учи кошарката. Едноставно не успеа“.
Генералниот директор на Нетс, Шон Маркс, вели дека организацијата не се консултирала со играчите пред да донесе одлука за смена на тренерот.
Нетси и без Неш загубија од Булс со 108:99, па сега имаат скор 2-6.