Connect with us

Фудбал

Дури 17 клуба се согласиле да продолжи Серие А, три се против

Торино, Бреша и уште еден клуб кој не е именуван се против продолжување на сезоната во Серие А. Поголемиот дел од клубовите, или поточно речено 17 се согласиле да има продолжение. Според првичните предвидувања, тренинзите би требало да започнат на почетокот на мај, а натпреварите да почнат да се играат кон крајот на месец мај.

Најголемите клубови во Италија, Јувентус, Милан, Интер и сите останати ги повикаа своите фудбалери кои се во странство да се вратат во базите. Кога ќе се вратат ќе бидат во задолжителен двонеделен карантин пред да почнат да тренираат со останатите играчи.