Connect with us

Фудбал

Два англиски тима во спор за напаѓачот на Реал Мадрид

Арсенал и Евертон се кандидатите за потписот на Лука Јовиќ откако беше објавено дека српскиот напаѓач ќе го напушти Сантијаго Бернабеу. Според Marca, двата англиски клуба ќе ги одмерат силите во летото на напаѓачот.

На „топчиите“ и „карамелите“ им требаат офанзивни засилувања и го сметаат 24-годишниот напаѓач за одличен кандидат.

Лука Јовиќ има договор со Реал Мадрид до 2025 година, но Лос Бланкос сакаат да го продадат откако Србинот не успеа да се наметне во тимот по пристигнувањето во 2019 година од Ајнтрахт Франкфурт.