Фудбал
Два клуба во борба за Кејн
Се поголеми се шпекулациите во медиумите за Хари Кејн дека го напушта Тотенхем.
Овој англиски репрезентативец долги години важи за еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем и Премиер лига, а не изненадувачки што многу клубови сакаат да го имаат во своите редови.
На Островот, се шпекулира дека Кејн би можел да го напушти Тотенхем на крајот на сезоната и да ја бара среќата во некој друг клуб, при што Реал Мадрид и Јувентус се најпознатите купувачи.
Кејн наводно нема да остане во Лондон, бидејќи клубот забележа пад по поразот во финалето од Лигата на шампионите минатата година, и иако Тотенхем и Реал Мадрид се во добри односи, поради некои претходни трансфери, поголеми се шансите Јувентус да го добие овој трансфер.
„На Кејн повеќе му се допаѓа идејата да замине во Јувентус. Италијанскиот шампион во него гледа идеален партнер за Кристијано Роналдо“, пишуваат медиумите на Островот.
Кејн досега има одиграно 278 натпревари за Тотенхем, а притоа постигна 181 погодок. Неговата вредност се проценува на 150 милиони евра.