Фудбал
Два клуба во трка за Кристијан Ериксен
Кристијан Ериксен е меѓу најзаслужните играчи што Тотенхем во сезоната зад нас стигна до финалето од Лигата на шампионите и по се изгледа дека веќе нема да го носи овој дрес.
Одличниот Данец израсна во еден од најдобрите организатори на играта на денешницата, па ова лето ќе побара нов клуб, односно ќе направи исчекор во кариерата.
Во разговор за дански весник „Ekstra Bladet“ Ериксен неодамна практично се прости од лондонскиот клуб, затоа што, како што кажа сака да проба нешто ново.
„Чуствувам дека дојде моментот кога во мојата кариера сакам да пробам нешто ново. Максимално го почитувам сето она што го доживеав со Тотенхем, но како што кажав сакам да пробам нешто ново“, рече Ериксенпа додаде:
„Се надевам дека ситуацијава ќе биде разјаснета во текот на летото, тоа е планот“.
На овој 27-годишен играч договорот со Тотенхем му истекува во 2020. година, а за негов ангажман нај заинтересиран беше Реал Мадрид.
Меѓутоа, наводите на „Mirror“ Реал се повлече од трката за одличниот Данец, па сега во игра остануваат два клуба.
Претседателот на Тотенхем Даниел Леви бараше 100 милиони фунти што во кралскиот клуб сметаа дека тоа е преголема цифра.
„Mirror“ наведува дека во трката останаа два клуба кои го сакаат Ериксен, а тоа се Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Додека на „Црвените ѓаволи“ му се потребни засилувања за по креативна игра, тоа не може да се каже за „Старата дама“, па ова остава впечаток дека Ериксен е поблиску до „Олд Трафорд“.