Фудбал
Два прекрасни гола и целосна надмоќ, Елмас и соиграчите без одговор за разиграната Барселона (ВИДЕО)
Брселона сосема заслужено обезбеди пласман во следната рунда во Лига Европа откако славеше како гостин против Наполи со 4:2. Барселона покажа надмоќ против Елмас и неговите соиграчи, особено во првиот дел кога и го реши мечот во своја корист.
Жорди Алба во 8-ма, потоа прекрасен гол на Де Јонг во 13-та, а Пике во 45-та за најава на сигурната победа. Во меѓувреме Инсиње, во 23-та успеа од пенал малку да ја врати неизвесноста, која не траеше долго. Во вториот дел Каталонците одиграа колку што е потребно, постигнаа уште еден прекрасен гол преку Обамејанг, а во 87-та Политано го ублажи поразот.
Резултати Лига Европа
Бетис – Зенит 0:0 (прв меч 3:2)
Брага – Шериф Тираспол 2:0 (прв меч 0:2) се играат продолженија
Наполи – Барселона 2:4 (прв меч 1:1)
Ренџерс – Борусија Дортмунд 2:2 (прв меч 4:2)
Претходно од 18 часот
Динамо Загреб – Севиља 1:0 (прв меч 1:3)
Лацио – Порто 2:2 (прв меч 1:2)
Олимпијакос – Аталанта 0:3 (прв меч 1:2)
Реал Сосиедад – Лајпциг 1:3 (прв меч 2:2)