Фудбал
Двајца фудбалери на Вардар на ден пред натпревар биле во казино, стигна казната
Фотографијата е преземена од infosport.mk
Фудбалскиот клуб Вардар информира дека е поведена дисциплинска постапка против двајца фудбалери од првиот тим поради прекршување на дисциплинскиот статут на клубот пред последниот одигран натпревар на гостувањето во Охрид.
Фудбалерите се парично казнети со 3 месечни плати и во следните 15 денови ќе тренираат со младинските категории.
Станува збор за напаѓачот Филип Петкоски и дефанзивецот Трајче Стојкоски.
Точната причина за ова е тоа што двајцата фудбалери на ден пред мечот со Охрид кој заврши без победник 0:0, беа фотографинани во казино.