Фудбал
Двајца фудбалери на Интер во напад, празен гол, голманот го нема, но нема ниту погодок (ВИДЕО)
Интер потешко од очекувањата стигна до победа од 2:1 на домашен терен против Верона, а дури и имаше среќа бидејќи во 99-та минута гостите не реализираа пенал. Пред пеналот Интер имаше голема шанса за 3:1, но иако голот беше празен, бидејќи голманот на Верона при прекинот беше во казнениот простор на Интер, сепак Барела и Санчез по контра нападот не успеаја да погодат. Сепак, и да погодеа веројатно голот ќе беше поништен, бидејќи од таа акција, почна контрата, во која Дармијан направи прекшок во својот шеснаесетник, а потоа по ВАР сигнализацијата и прегледот на снимката беше досуден пенал.