Connect with us

Фудбал

Двајца фудбалери на Тотнем се позитивни на ковид-19!

Тотнем доби лоши вести на последното тестирање за ковид-19 затоа што двајца нивни фудбалери беа позитивни на вирусот.

Нивниот идентитет сè уште не е официјално откриен, но се шпекулира за младиот Брајан Хил и еден од најдобрите фудбалери на тимот, Кореецот Сон.

Двајцата ќе мора да минат во изолација одреден период, што значи дека ќе пропуштат најмалку два натпревари за Тотенхем.

Дуелот меѓу Њукасл и Тотенхем е закажан за утре, со почеток од 17:30 и ќе биде прв во ерата на новиот сопственик на „страчките“, саудискиот принц Мохамед Бин Салман.