Други спортови
Двајца кајакари на Европското првенство во слалом
Од први до трети јуни во Прага ќе се одржи Европското првенство во кајак, а во дисциплината слалом Македонија ќе ја претставуваат двајца натпреварувачи.
Борче Мирчевски и Енис Небиовски денеска отпатуваа за Прага каде ќе бидат дел од натпреварите во К1.
Квалификациските трки ќе се одржат в петок на први јуни, полуфиналето на програмата е в сабота претпладне, а попладне ќе се одржи финалето.