Фудбал
Двојна прослава кај Миралем Пјаниќ, легендарниот Тоти не се воздржа
Една од најдобритефудбалери на БиХ, Миралем Пјаниќ денес го слави својот 30-ти роденден.
Честитки до Пјаниќ стигнуваат цел ден од сите страни, како од пријатели, така и од сегашни и поранешни соиграчи, меѓутоа Пјаниќ денес има уште една причина да се слави.
Како што објави денес на својата социјална мрежа Инстаграм, својот 50-ти роденден го слави и неговата мајка Фатима.
„Благодарам на сите за вашите родендени честитки, но денес е уште поважен роденденот на мама. Среќен роденден мамо. Те сакам“, изјави фудбалерот на Јувентус.
После тоа, веднаш реагираше легендарниот Франческо Тоти, поранешниот соиграч на Пјаниќ од Рим и очигледно негов голем пријател.
„Тогаш двојно честитки“, напиша кратко италијанецот.