Фудбал
Е, вака се работи: Дортмунд ќе заработи повеќе ако загуби од Реал во финалето отколку ако го победи
Борусија Дортмунд приреди едно од најголемите изненадувања сезонава во клупскиот фудбал во Европа, бидејќи успеа да се пласира во големото финале во Лигата на шампионите. Популарните Милионери во полуфиналето го елиминираа фаворизираниот Пари Сен Жермен и со тоа го закажаа финалето против Реал Мадрид кое на 1 јуни ќе се игра на Вембли.
Pase lo que pase en Wembley, el pellizco económico que se llevará el Borussia Dortmund será importante:
▪️si derrota al Real Madrid, recibirá 20M€ como campeón
▪️si gana el Real Madrid, recibirá 25M€ como bonus por el traspaso de BellinghamUn win-win económico de manual pic.twitter.com/fZpisy27AR
— Manu Heredia (@ManuHeredia21) May 9, 2024
Дортмунд ќе има можност да ја освои својата втора титула, откако единствената досега ја освои во 1997 година, а интересно е што ќе заработи повеќе доколку не го освои трофејот. Имено, врз основа на клаузулата во договорот на Џуд Белингем, играчот за врска на Реал Мадрид, Дортмунд ќе добие 25 милиони евра доколку Кралскиот клуб ја освои титулата европски првак. Ваков договор беше постигнат при трансферот на Белингем во Реал Мадрид од Борусија минатото лето. Тогаш Реал го купи Англичанецот за 103 милиони евра, а договорено е на Дортмунд да му плати бонус од 25 милиони евра доколку со него ја освои Лигата на шампионите. Од друга страна, доколку Дортмунд на 1 јуни во големото финале го совлада Реал Мадрид, ќе добие 20 милиони евра како награда од УЕФА. Нема дилема дека Реал ќе биде тежок фаворит на овој меч на Вембли, но кој може да му ги одземе шансите на Дортмунд откако ги елиминираше ПСЖ, Атлетико Мадрид и ПСВ?