Connect with us

Фудбал

Еден Азар се сели во Италија, до крајот на месецот ќе потпише со најтрофејниот клуб

Шпански „Ас“ утрово објави информација дека Њукасл испратил понуда до Реал Мадрид во висина околу 40 милиони евра за Еден Азар, која била одбиена. Наводно Реал Мадрид барал 10 милиони повеќе. Ниту самиот фудбалер не сакал да се пресели во Њукасл, тим кој во моментов се бори за опстанок во Премиер лигата.

Шпански „Ел Насионал“ тврди дека Белгиецот кариерата ќе ја продолжи во Италија, поточно во Јувентус. Наводно до крајот на месецот Азар ќе потпише за тимот од Торино.

Пред речиси три години, Азар од Челзи се пресели во Реал Мадрид за сума од 115 милиони евра.