Connect with us

Фудбал

Еден Азар успешно опериран

Еден Азар од денес ќе го започне процесот на закрепнување за да се врати на терените пред крајот на сезоната во Шпанија.

Оваа сезона може да се нарече авантура на Еден Азар со Реал Мадрид од првата година во Шпанија.

Повредите го спречија да игра во форма и да се појави на многу натпревари досега и се чини дека ќе недостасува до крајот на сезоната.

Азар, кој има проблеми со десниот глужд, е успешно опериран и сега целта е да работи што е можно повеќе за да се врати на теренот пред крајот на сезоната.

Реал потврди дека операцијата е спроведена во САД, во Далас во присуство на мадридски лекари и од денес Белгиецот ќе го започне процесот на закрепнување.

15 натпревари и само еден гол – статистиката е страшна за играч за кого Реал плати над 100 милиони евра.