Connect with us

Фудбал

Еден клуб помалку во трката за Санчо

Џејдон Санчо апсолутно ги излуди сите со сите игри за Борусија Дортмунд.

Фантастичниот 19-годишен крилен играч постигна 17 голови оваа сезона и забележа 19 асистенции на 35 настапи и сосема очекувано е дека многу клубови го сакаат во својот состав.

Сепак, еден клуб се откажа од трката. Јувентус нема намера да ги плати бараните 120 милиони фунти, па сега сосема е сигурно дека Санчо може да се врати во Англија.

Има голема борба за него. Манчестер Јунајтед и Челси даваат се од себе за да го доведат во своите редови и нема да жалат за парите.

Младиот Англичанец е подготвен да се врати на Островот каде играше за јуниорската категорија Манчестер Сити, а доколку го облече дресот на Јунајтед тоа сигурно ќе биде огромен удар за неговиот поранешен тим кој лесно го пушти да замине.

Санчо на крајот ќе ја донесе одлуката за тоа каде сака да игра, а Борусија ќе заработи огромни финансиски средства од неговиот трансфер.