Connect with us

Тајмаут

Еден месец откако се породи, го откачи Нејмар, имале посебна с*кс клаузула (ФОТО)

Само еден месец откако Нејмар стана татко, неговата девојка и мајка на детето, Брунa Бјанкарди, јавно објави дека двајцата раскинале. Убавицата не наведе причина за раскинувањето, но лесно може да се погоди за што се работи со оглед на тоа што нивната врска е многу турбулентна со месеци.

Нејмар ја изневеруваше својата партнерка додека таа беше бремена, па се извини и плачеше на социјалните мрежи, но веројатно со цел да се породи без никаква драма

– Бруна се смири со фудбалерот, а потоа реши да го „шутне“ кога го роди детето.

„Тоа е приватна работа, но бидејќи постојано ме поврзуваат со разни вести, сомнителни работи и шеги за мене, морам да ве известам дека не сум во врска. Ние сме родители на Мејв и тоа е причината за нашата врска, напиша 29-годишната инфлуенсерка од Бразил.


Неофицијално, Нејмар не еднаш го изневерил Брунa и откако таа се породила, тој беше фатен со две девојки на забава, додека дури и германскиот таблоид „Билд“ објави дека овој пар има посебен договор. Поконкретно, постои „се*с клаузула“ која наводно му дозволува на Нејмар да флертува и да спие со други жени. Ако има вистина во тоа, дефинитивно Бруна не сакаше да настрада откако беше „бомбардирана“ во медиумите поради запоставувањето на Нејмар.

Advertisement