Connect with us

Тајмаут

Еден од најголемите на сите времиња денес го слави својот 36-ти роденден

На денешен ден, пред 36 години, во аргентинскиот град Росарио е роден Лионел Меси.

Дали е најголемиот? Тешко е да се каже, постарите љубители на фудбалот секогаш ќе кренат рака за Пеле или Марадона, но нема сомнеж дека тој е еден од најголемите.

Посебно ги замолкна сите критичари кога конечно стана светски првак со Аргентина.

Покрај фудбалските вештини, постојат многу бројки кои зборуваат за големината на Лео Меси. Еве само неколку…

Натпревари: 1028
Гола: 807
Асистенции: 357

Најмногу Златни топки и награда на ФИФА за играч на годината: 7

Единствениот сопственик на Златната топка и фудбалер кој ФИФА беше прогласен за играч на годината во три различни децении: 2000-ти, 2010-ти, 2020-ти.

Од следната сезона љубителите на фудбалот ќе го гледаат во американската МЛС лига во дресот на Интер од Мајами.

Среќен роденден, Лео.