Connect with us

Фудбал

Еден од најталентираните голмани во Европа одби да игра за Србија

Талентираениот 19-годишен голман на Бенфика Миле Свилар одби да игра за репрезентацијата на Србија, барем за сега.

Српската делегација неодамна отпатува во Лисабон каде разговараше со младиот голман кој не даде позитивен одговор.

Имено, Свилар засега одби да игра за Србија затоа што се надева дека ќе биде повикан во А селекцијата на Белгија.

Инаку, тој се уште е резервен голман на Бенфика, а кога ќе биде стандарден на голот, ќе одлучи за која репрезентација ке настапува, пренесува „A Bola“.

Овој голман стана познат кога на само 18 години застана на голот на Бенфика на натпреварот против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите.