Фудбал
Еден од најтрофејните фудбалер падна многу ниско, Нејмар му испратил 150.000 евра!
На помалку од еден месец пред почетокот на судењето на Дани Алвеш, обвинет за силување жена во бања во ноќен клуб на 30 декември 2022 година, Нејмар покажа дека многу внимателно ја следи ситуацијата на својот сонародник и поранешен соиграч од Барселона. Во моментот кога имотот на Алвеш бил замрзнат од шпанските судови, порталот UOL Esporte пренесува дека бразилскиот крилен напаѓач му испратил 150.000 евра, кои биле искористени за плаќање на „објектот за санирање на предизвиканата штета“, со што може да се намали можна парична казна.
Pai de Neymar cedeu advogado e pagou 150 mil euros (R$ 800 mil) à Justiça da Espanha para reduzir a pena de Daniel Alves, em caso de condenação.
Acusado de agressão sexual, o lateral-direito está preso em Barcelona e sem acesso aos seus bens. Por isso, recorreu à ajuda… pic.twitter.com/whIXaB8xav
— Planeta do Futebol 🌎 (@futebol_info) January 9, 2024
Во исто време, играчот на Ал Хилал наводно му ги префрлил услугите на Густаво Ксист, доверливиот адвокат на неговиот татко, на Алвеш, поради што тој ги отпуштил услугите на адвокатот на неговата поранешна сопруга, Динора Сантана. Притворен во Барселона од 20 јануари 2023 година, на Дани Алвеш ќе му се суди од 5 до 7 февруари, а доколку биде прогласен за виновен, се соочува со затворска казна од осум до десет години. Дани Алвеш никогаш официјално не ја завршил кариерата, но јасно е дека завршил со играњето фудбал на највисоко ниво. Неговиот последен ангажман беше во мексиканскиот УНАМ, а претходно играше за Барселона, Сао Паоло, ПСЖ, Јувентус, Севиља и Баија. Тој остави најдлабока трага во Барселона со 408 настапи, а со 43 освоени трофеи во текот на кариерата е меѓу најтрофејните фудбалери на сите времиња. За репрезентацијата на Бразил има 126 настапи.