Фудбал
Еден позитивен тест во Реал Мадрид
Фудбалерите на Реал Мадрид се тестираа пред натпреварот од Лигата на шампионите против Интер.
Тестовите покажаа дека еден фудбалер е позитивен, а според правилата од Мадрид, неговото име нема да биде објавено.
Се наведува дека сите други се негативни, и дека се подготвени да го дочекаат дуелот со Интер.
Веќе е познато дека Зинедин Зидан не може да смета на Дани Карвахал и Начо, а настапот на Лукас Васкез е под знак прашалник.
Реал по две кола има еден бод. Од друга страна, Интер има два бода, или две ремија.