Фудбал
Един Џеко ѕвезда во цртан филм заедно со Дибала и Роналдо
Џеко во последниве неколку недели се наоѓаше во голгетерска криза кога стаува за натпреварите во дресот на римскиот клуб, но конечно успеа да погоди и тоа во лигата на шампионите. Волчицата го совлада Плзен со 5:0, а Џеко постигна дури три голови.
Един е првиот босански фудбалер кој постигна хет-трик во Лигата на шампионите, а успеа да влезе во друштвото на играчи кои постигнаа три голови на еден натпревар во ова натпреварување.
Познатата страница „442oons“ својот нов цртан го посвети на Џеко, но и на Дибала кој исто така успеа да постигна три гола. Цртаниот филм е во врска со клубот на играчи кои постигнаа хет-трик, а тука е и Роналдо на кој тоа се уште му нема успеано во оваа сезона.