Connect with us

Фудбал

Единсон Кавани има нов клуб!

Легендарниот уругвајски напаѓач ќе стане нов член на Валенсија со која договори двегодишна соработка.

Кавани денеска ќе пристигне во Валенсија за да го потпише договорот. Договорот треба да биде официјализиран во следните 24 часа и „лилјаците“ ќе добијат големо засилување за остатокот од сезоната.

Така, по Италија, Англија и Франција, овој 35-годишник ќе игра и во шпанската Ла Лига. Неговиот последен ангажман беше во Манчестер Јунајтед.

Валенсија одигра два натпревари во досегашниот дел од сезоната. Освоија три бода, но сега со Кавани дефинитивно ќе имаат многу поубиствен напад.