Connect with us

Фудбал

Едуард Менди размислува за иднината на Стемфорд Бриџ

Голманот на Челзи, Едуард Менди размислува за својата иднина на Стемфорд Бриџ, откако го загуби првото место на голот за сините, според медиумите на Островот.

30-годишниот Сенегалец се пресели во Челзи во 2020 година од француски Рен, а трансферот беше вреден 22 милиони фунти. Менди беше во срцето на успехот на Челзи во Лигата на шампионите. Сепак, по отказот на Томас Тухел и неговото опоравување од повредата, Сенегалецот го загуби стартното место. Кепа Аризабалага ја искористи шансата и можеше да се докаже на новиот менаџер на лондончани, Греам Потер.

Договорот на Менди со Челзи истекува во 2025 година, под услов да има добри настапи на претстојното Светско првенство во Катар. Сенегалецот може да побара трансфер во друга екипа.