Connect with us

Фудбал

Ефтина финта или вистина, менаџерот на Дембеле на аеродром во Баселона, добил повик, а новинарите снимиле кој му заѕвонил

Фудбалскиот агент Муса Сисоко вчера пристигна во Барселона на разговори со каталонскиот клуб.

Сисоко го застапува Усман Дембеле, кој во неколку наврати одбиваше да го продолжи договорот со Каталонците, а на крајот челниците на клубот одлучија дека повеќе нема да биде во конкуренција за натпреварите на Барселона додека не се реши ситуацијата.

Во Барселона беа сигурни дека Дембеле ќе остане и ќе го продолжи договорот кој му истекува ова лето, а потоа неговиот агент испрати неверојатните услови што ги бара за својот клиент, а на стартот беше јасно дека клубот не може да го исполни тоа.

На сите им беше јасно дека целта на Сисоко е Дембеле на лето бесплатно да си замине од клубот и да најде нов тим без обесштетување, па неговиот агент во преговорите би можел да бара огромен бонус.

Но, сето тоа се промени кога Чави го исфрли Дембеле од конкуренција за натпреварите и доби јасна порака од клубот дека треба да ја напушти Барселона до крајот на јануари или ќе ги следи натпреварите од трибините до крајот на сезоната.

Кога сфатиле дека не се шегуваат во Барса, Сисоко решил да отпатува во Шпанија и да разговара со челниците на клубот, а наводно Дембеле сега нема ништо против да остане во каталонскиот тим.

Сисоко вчера пристигна во Барселона каде го чекаа неколку новинари и фоторепортери, а излезе со мобилен телефон во раката кој заѕвони во тој момент. На фотографијата се гледа дека Сисоко наводно го повикал спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, бидејќи на екранот пишувало „Леонардо ПСЖ“.

Сепак, шпанските медиуми сметаат дека тоа било евтина финта на Сисоко и обид да се убеди Барселона дека преговара со ПСЖ, но сигурни се дека таквиот потег нема да му успее.