Фудбал
Египетски богаташ го купува Барнли
Англискиот премиерлигаш Барнли наскоро ќе биде во сопственост на богатиот Египќанец Мохамед Ел Кашаши.
Ел Кашаши се согласи да го купи клубот за 200 милиони фунти. Документите се подготвени за потпишување и се очекува наскоро сè да биде официјализирано.
Претходно, овој бизнисмен се обиде да го купи Чарлтон. Сепак, откако не успеа да ја заврши работата, тој се сврте кон Барнли и очигледно го заврши сето тоа.
Овој Египќанец стекан пари преку производство на храна, а сега реши да инвестира во фудбал и да купи клуб во Англија.
На крајот, тој успеа во тоа и ќе видиме дали Барнли ќе има „големи набавки“ во наредниот период.