Тајмаут
Египќанецот го „изрезва“ телото: Рамазанска трансформација на Мохамед Салах (ФОТО)
После долго време, Мохамед Салах доби можност да го испости месецот Рамазан без да игра натпревари, но тој мораше да тренира индивидуално за да остане во форма.
Салах неодамна објави фотографија на Инстаграм од своето „изрезбано“ тело и јасно е дека за време на изолацијата Египќанецот не се одморил.
Англиските таблоиди, како и обично, не можат да пропуштат ништо, па забележаа значително подобрување во однос на јануари, кога Салах го покажа импресивното тело по голот против Манчестер Јунајтед.

Салах го „негувал“ телото за време на присилната пауза, а мускулите сега изгледаат уште поголеми.

Салах деновиве ќе работи во тренинг-кампот на Ливерпул, по пауза од два месеци. Според изгледот на неговото тело, продолжението на сезоната ќе биде во одлична форма.