Connect with us

Фудбал

Екс напаѓач на Интер без „влакна на јазикот“: Не може Гаљардини да игра, а Ериксен да е на клупа

Интер е елиминиран од Лигата на шампионите откако го освои разочарувачкото последно место во групата зад Реал Мадрид, Борусија Менхенгладбах и Шахтјор. Многумина прстот го вперија во тренерот Антонио Конте кого го сметаат за главен виновник.

Еден од нив е поранешниот напаѓач на Интер Антонио Касано кој важи за човек кој кажува се што мисли и е без „влакна на јазикот“. Така беше и сега, кога упати жестоки критики на адреса на Конте.

-Да разјаснме. Во овие шест меча во ЛШ, Интер помина многу лошо. Играше без никаква идеја. Фудбалост станува квалитет. Во Италија можете да играте со Лукаку, кој во физички смисол тешко е да го сопрете. Но, тоа не е ЛШ. Таму треба квалитет. Ериксен за 5 минути покажа повеќе од Гаљардини и Барела за цел меч. Интер практично пропадна. Конте мора да направи една работа, а тоа е да го освои скудетото, во спротивно ќе има „масакр“, се мора да се смени, вели Касано, кој притоа додаде:

-Милан Шкриниар пред доаѓањето на Конте беше еден од најдобрите дефанзивци во Европа. Конте го масакрираше. Го масакрираше и Годин, лошо се однесуваше кон него, вели Касано.

Според Касано, Хакими мора да добие поголема слобода во играта, Видал не игра на неговата вистинска позиција, а Санчез многу малку се користи иако поседува квалитет.