Фудбал
Екс претседател на Барселона открива: Еден клуб испратил неморална понуда за Меси која беше блиску до откупната клаузула
Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, кој оваа функција ја извршуваше од 2003-та до 2010-та година во интервју за „Иниестазо“ откри дека Интер пред неколку години испратил неморална понуда за Лионел Меси. Како што вели тој, таа понуда била многу блиску до откупнаа клаузула која ја поставила Барселона во договорот со Аргентинецот.
-Реал Мадрид никогаш не испрати понуда за Меси, но Интер испрати. Беа подготвени да понудат парична сума која беше многу блиску до ослободителната клаузула. Ако ја активираа ослободителната клаузула тогаш ќе бевме принудени да го продадеме Меси. Сепак, ние донесовме одлука дека треба да остане на „Ноу Камп“ иако подоцна испратија нова, побогата понуда, изјави Лапорта.
Инаку, во Барселона на 24-ти јануари треба да се одржат избори, на кои ќе се бира наследникот на Жозеп Бартомеу кој пред крајот на минатата година поднесе оставка. Токму Жоан Лапорта е најсериозен кандидат за негов наследник.