Connect with us

Кошарка

Ел Класико им припаѓа на Каталонците: Барселона го победи Реал Мадрид

Кошаркарите на Барселона го победија Реал Мадрид со 86:68 во дуел од 26. коло од Евролигата.

Победникот на кошаркарското Ел Класико беше познат по само десет минути игра, бидејќи Каталонците уште во првата делница ги декласираа кралевите.

Реал за десет минути постигна само осум поени (28:8), па Барса по првата четвртина имаше 20 поени предност.

Остатокот од натпреварот носи израмнета кошарка. Барса го контролираше натпреварот, не му дозволи на Реал да се врати во мечот и на крајот лесно ја заврши работата на овој меч.

Најефикасен во победничкиот тим беше Николас Лапровитола. Аргентинецот го заврши натпреварот со 20 поени.

Валтер Таварес, пак, постигна 25 поени, но тоа не му беше доволно на Реал вечерва бидејќи остатокот од тимот потфрли.

Со оваа победа Барселона и Реал Мадрид се израмнети на врвот на табелата во Евролигата со сооднос од 20 победи и пет порази.