Фудбал
„Ел Класико“ – Зизу пази се од Кике Сетиен
Вечерва на програмата е „Ел Класико“. Тоа е повеќе од фудбал, повеќе од дерби, повеќе од битка за три бода. Победата во овој дуел значи се. Владеење во Шпанија.
Тренерот на Барселона Кике Сетиен за прв пат ќе ја предводи Барселона во „Ел Класико“. Претходно играл против Реал Мадрид, но како тренер на други тимови.
Со Лас Палмас и Бетис, Кике Сетиен има биланс две победи, две нерешени средби и четири порази. Ова ако се земе предвид со какви тимови играл против големиот Реал Мадрид, може да се каже дека е одличен скор.
Во сезоната 2017/2018 година добро се сеќаваат навивачите на Реал Мадрид, кога Сетиен со Бетис на „Сантијаго Бернабеу“ славеше со 2:0.
Поради тоа „Марка“ и „АС“ со идентични текстови го предупредуваат Зинедин Зидан да се пази од Кике Сетиен.