Фудбал
Елиф Елмас: Сакам Скудето!
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас од Наполи, во интервју за „Кис Кис“ зборуваше за Серија А и она што го очекува до крајот на сезоната. Во моментов Милан е лидер со 67 бодови, Наполи е втор со 66, Интер трет со 63, а Јувентус е четврти со 59 бодови. Според бодовите се чини дека неизвесна ќе биде трката за титулата во последните осум кола.
Наполи секако е во игра особено откако како гости во минатото коло ја совладаа Аталанта со 1:3. Елиф Елмас, откако претрча цел терен, го постигна третиот гол за конечна победа.
Елмас за шансите за скудетото вели:
„Отсекогаш верувавме во такво нешто, веруваме и сега. Имаме одличен тренер, силен тим, ќе одиме да го направиме најдоброто до крајот на сезоната. Нашите мисли сега се вперени само кон Фиорентина затоа што знаеме колку ќе биде тешко да се игра против неа. Дури и кога не играме добро, потребно ни е да бидеме „лоши“ на теренот. Исто така зборував и со Пандев, ми кажа колку убава и страсна е оваа сина средина“, додаде македонскиот фудбалер.