Фудбал
Елиф Елмас соиграч на Халанд?!
Елиф Елмас во последнот време е многу присутен во спортската јавност во Италија. Причина се добрите партии кои ги пружа. Сепак, неговото име се спомнува и во Турција. Имено, турски спортски новинар тврди дека два клуба се заинтересирани за неговите услуги, а тоа се Лидс од Англија и Борусија Дортмунд од Германија. Не се знае колку има вистина во ова, со оглед на тоа дека во изминатите неколку дена италијанските медиуми пишуваат дека тренерот на Наполи, Спалети од Елмас прави нов Хамшик, кој беше легенда на тимот.
Секако дека ниту Елмас не би се одлучил да оди во Лидс, бидејќи тоа би било неколку чекори назад во кариерата, а веројатно ако има малку вистина во ова, тогаш клубот кој би можел да си го дозволи е Борусија Дортмунд, која покрај тоа што има пари да го плати, постојано се бори за титула во Германија и редовно е во Лигата на шампионите, нешто што секако го посакува Елмас.
Eljif Elmas için geçen yaz transfer girişiminde bulunan Leeds United ve Borussia Dortmund, kış transfer döneminde astronomik bir bedel ile Napoli’ye tekliflerini iletecek.
— Tâlha Arslan (@TalhaArslanTV) December 21, 2021