Connect with us

Фудбал

Елиф Елмас веќе е во Германија, медицински прегледи, па потпис на договорот (ФОТО)

Ељиф Елмас е веќе во Германија каде подоцна денеска ќе ги помине медицинските тестови во РБ Лајпциг. Веднаш потоа ќе биде потпишан долгорочен договор. Ова го објави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо кој важи за трансфер гуру и секогаш ги има првите информации.

Наполи веќе одобри договор од 25 милиони евра за играчот од средниот ред, а според информациите Елмас во Лајпциг ќе заработува по 3 милиони евра годишно.