Connect with us

Фудбал

Елмас може да оди, но најдобриот не, подарок од Наполи за навивачите (ФОТО)

Како што е познато, македонскиот фудбалер Елиф Елмас е на чекор до договор со германски Лајпциг. Тој е во германија, на медицински прегледи, а кога сето тоа ќе помине, ќе потпише договор. Трансферот е вреден 25 милиони евра, за Елмас 3 милиони годишно.

Иако лесно се откажа од Елмас, сепак Наполи не дозволува најдобриот да замине. Виктор Осимен го продолжи договорот до 2026-та година, на задоволство на навивачите, а првиот човек на клубот Де Лаурентис вели ова е божикен подарок за фановите.