Connect with us

Фудбал

Емери: Прекинете, Нејмар не оди никаде!

Унаи Емери се одлучи да ги демантира постојаните наводи за заминување на Бразилецот Нејмар од неговиот клуб.

„Кога го донесовме од Барселона тоа беше со јасна цел. Клубот и претседателот сакаат да остане и тој ќе остане тука со нас. Затоа повикувам доста веќе со шпекулации“ – вели Емери за „Л’Екип“.

„Најважна работа е теренот и случувањата на него. Секој е прво човек, а потоа фудбалер. Разговарав со Нејмар, и тоа е многу позначајно од било која шпекулација. Адаптацијата на нова средина е различна за секој фудбалер. Некои се прилагодуваат побрзо, некои поспоро. Ние сите ќе му помогнеме што побрзо да се адаптира и на животот во главниот град на Франција, колку и да има проблеми со тоа“ – вели Емери.