Фудбал
Емери верува дека Виљареал може да го отстрани Јуве
Тренерот на Виљареал, Унаи Емери изјави дека неговите играчи заслужуваат да играат во осминафиналето на Лигата на шампионите. Шпанскиот тим во вторник е домаќин на Јувентус во првиот натпревар од оваа фаза од дербито.
„Не можете да играте во Лигата на шампионите секоја година, па мора да уживате во тоа. Не сме фаворити, но покажавме дека можеме да ги совладаме екипите од нивото на Јувентус. Покажавме дека заслужуваме да бидеме таму каде што сме сега“, изјави Емери.
Виљареал е првпат во осминафиналето по 13 години и е прогласен за аутсајдер против Јувентус, кој стигна до финалето пред пет години, но не ја помина таа фаза во последните две сезони. Ова ќе биде четврти обид за Емери да стигне до четвртфиналето, откако не успеа со Валенсија во 2011 година и двапати со Пари Сен Жермен во 2017 и 2018 година.
„Секогаш се трудам да учам од други ситуации, но никогаш не ја губам суштината. Има многу тајни за успехот, а мојата е секогаш да работам напорно“, вели специјалистот.