Connect with us

Фудбал

Емирати на нозе, „бомбата“ е подготвена, играчот лета кон Лондон!

Долго се чекаше за уште едно засилување за Арсенал, и конечно сè беше договорено.

Станува збор за Томас Парти, кој е беше желба на Артета во целиот преоден рок.

Долго време, Арсенал и Атлетико Мадрид преговараа околу овој фудбалер, но на крајот „топџиите“ мораа да ја активираат клаузулата за откуп.

Парти е во авион, и тој е на пат кон Лондон, а Атлетико Мадрид за се беше информиран пред околу еден час.

Топџиите ја активираа клаузула од 50 милиони евра, а сега сè е трка со времето. Останува да видиме дали ќе може да се заврши сè на време.