Други спортови
Енди Мареј позитивен на коронавирус
Поранешниот светски рекет број еден, Енди Мареј, е позитивен на коронавирус, но се надева дека ќе може да игра на Австралија опен, кој започнува на 8 февруари.
Мареј, кој загуби пет пати во финалето на Австралија опен, се наоѓа во самоизолација и се чувствува добро. Поради проблеми со повреда на колк, неговиот пласман падна во последните години, и тој во моментов е на 123. место на АТП-листата. Тој доби покана од организаторите да настапи на првиот грен слем турнир во сезоната во Мелбурн. Во кариерата има освоено три грен слем турнири, Вимблдон (2013, 2016) и УС Опен (2012).
Повреда на колкот значително ја поремети неговата играта и Шкотланѓанецот со години се бори да ја врати старата форма.