Connect with us

Фудбал

Енис Барди ја „тресеше“ Валенсија, лудо градско дерби со седум голови (ВИДЕО)

Мечевите помеѓу Леванте и Валенсија се секогаш интересни, бидејќи станува збор за пресметка на два тима од ист град. Оваа пресметка заврши со победа на Валенсија како гостин со 4:3. Со овој пораз Леванте остана закован на дното на табелата додека Валенсија ја скокна Барселона и дојде до седмото место.

Кампане во 21 минута му носи предност на Леванте од 1:0, а набрзо потоа домаќините поведоа и со 2:0. Пред заминувањето на одмор Гуедес намали на 2:1, а во вториот дел целосен пресврт. Солер постигна два гола за 3:2, а Гуедес со нов гол во 85-та минута зголеми на 4:2. Македонскиот репрезентативец Енис Барди во судското продолжение намали на 4:3 што беше и конечен резултат.