Фудбал
Енис Барди на трансфер листа, новиот тренер немилосрден?!
Новиот тренер на Трабзонспор, Абдула Авчи постигна пет победи, две нерешени и само еден пораз во осум натпревари и освои просечни 2,13 поени по натпревар откако го замени Ненад Бјелица на клупата. Но, како што известуваат турските медиуми, Авчи не е задоволен од составот со кој располага во моментов, па подготвува голема чостка во играчкиот кадар во пресрет на пролетното продолжение на сезоната.
Според информациите кои ги објави турски Фанатик, тренерот на Трабзонспор ги пречкртал имињата на шест играчи на кои повеќе не смета, а еден од нив е македонски репрезентативец. Отпишани се Филип Бенковиќ, Хоакин Фернандез, Димитриос Курбелис, Умут Бозок, Страјгер Ларсен и Енис Барди.
Познато е дека пред неколку дена интерес за Барди појавил Унион Берлин, чиј тренер во моментов е Ненад Бјелица, кој дојде токму од Трабзонспор. Барди ужива голема доверба кај Бјелица, па наводно тој е негова желба и сака да соработува со него и во Унион Берлин.