Connect with us

Фудбал

Енрике: Само Меси го надминува Фати во Барса

Мадрид, 20 август 2020 (МИА) – Тренерот на Шпанија, Луис Енрике ги коментираше дебитантите во неговиот состав за натпреварите од Лигата на нации, како и за состојбата во неговиот поранешен клуб Барселона.

„Ситуацијата во Барселона? Сите големи тимови минуваат низ такви. Приказните за големите клубови се полни со вакви работи. Дали повторно ќе освојуваат титули? Да, но не можам да ви кажам кога. Моето враќање на кормилото на Шпанија беше момент на голема радост. Сега мора да се вратиме во нормалност. Го напуштив проектот отворен и сега очекувам да го завршам. Ансу Фати го познавам од местото, во кое игра. Тој има одлична статистика, иако не игра многу. Само Меси има повеќе голови при одиграни минути во Барселона. Тој има сè што треба за да биде важен играч и сакам да го гледам, рече Енрике.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com