Connect with us

Ракомет

ЕП за ракометарки: Норвешка ја декласира Холандија

Норвешката репрезентација и нанесе висок пораз на Холандија со 29:16 синоќа во Нанси во дуел со кој беше комплетирана втората рунда од втората фаза на Европското првенство во ракомет за жени. Со оваа победа Норвешка остана во игра за пласман во полуфиналето.

На првиот вчерашен дуел од Групата-2 Романија ја совлада Шпанија со 27:25.

Табела пред одигрувањето на последното коло:

1.Романија 6 бода
2.Холандија 6
3.Норвешка 4
4.Германија 4
5.Унгарија 4
6.Шпанија 0