Connect with us

Фудбал

Ериксен и со магичниот гол не го убедил Конте: Веќе еден месец велам нема да замине, не ми верувате

Published

on

Антонио Конте секако беше среќен за победата од 2:1 против Милан во Купот на Италија и пласманот во полуфиналето. Победничкиот гол го постигна Кристијан Ериксен во 98-ма минута на фантастичен начин од слободен удар.

Ериксен е фудбалерот кој има најмалку доверба кај Конте и кој добива само „трошки“ што се однесува до минутажата. И покрај прекрасниот гол и тоа што на Интер му ја донесе победата, Конте се уште не е убеден дека Ериксен е на потребното ниво. Како што вели тој, Данецот останува во Интер, но сепак мора како што вели да излезе од неговиот „оклоп“.

-Веќе еден месец велам дека ова е Интер и никој нема да пристигне и никој нема да замине, но не ми верувате … Ние работиме многу со Кристијан од тактичка гледна точка за да најдеме алтернатива на Брозовиќ. Тој е многу интелигентно момче од фудбалска гледна точка, среќен сум што го постигна тој гол денес. Му реков да го изведе слободниот удар, затоа што ги знаеме неговите вештини. Тој е малку срамежлив, се надеваме дека голот ќе му помогне да се опушти малку. Тој е составен дел од проектот, вели Конте.

 

Advertisement

Facebook