Connect with us

Фудбал

Ериксен мора да замине од Интер за повторно да игра фудбал

Актуелниот италијански шампион Интер донесе одлука во врска со Кристијан Ериксен. Данецот ќе мора да замине од клубот, доколку сака повторно да игра фудбал. Имено, правилата во Италија се јасни, па со оглед на тоа дека тој има вграден дефибрилатор, поради срцевиот удар кој го имаше за време на ЕП, не може професионално да игра фудбал во Серие А. Сепак, во други лиги правилата се поинакви и таму може да игра.

– Поради тешката повреда што се случи за време на Европското првенство, лекарите привремено го спречија играчот да спортува оваа сезона. Сегашните услови во кои се наоѓа играчот не ги исполнуваат правилата да се биде професионалец во Италија, но тој би можел да продолжи да се натпреварува во други земји – се вели во соопштението на Интер.