Фудбал
Ериксен: Не можев подобро да започнам
Кристијан Ериксен се врати со гол во репрезентацијата на Данска. Играчот од средниот ред се појави како резерва во поразот од Холандија со 2:4 во контрола и само две минути подоцна успеа да потпише.
Пред речиси осум месеци, Ериксен колабираше на теренот на натпреварот против Финска на ЕП 2020, а лекарите едвај му го спасија животот.
„Повторно се чувствувам како фудбалер. Среќен сум што се вратив и тоа е одличен почеток. Со нетрпение го очекував. Добро е што повторно сум на теренот. Не можев подобро да започнам. Чувствувам дека никогаш не сум ја напуштил репрезентацијата. Беше многу возбудливо“, изјави фудбалерот на Брентфорд.