Connect with us

Фудбал

Ериксен се јави од болница: Данскиот фудбалер има само едно барање до соиграчите…

Болните сцени од стадионот „Парк“ во Копенхаген, кога Кристијан Ериксен одеднаш падна, се за среќа се само грдо минато.

Данскиот фудбалер беше реанимиран на теренот , а потоа доби дополнителна нега во болницата.

Оттаму се огласи за прв пат по немилиот настан. Според медиумите, Данецот ги повикал своите соиграчи кои во тоа време биле во соблекувалната и ги замолил да ја продолжат играта бидејќи се чувствува подобро.

Соиграчите, секако, го послушаа неговиот совет и по еден час и 45 минути прекин, играта продолжи.